НАЈАВА: Во четврток и во петок температури и до 18 степени – За време на викендот продор на студен бран од север и снег на повеќе места!

Во следните денови во Македонија ќе имаме многу променливо време. Особено во западните предели ќе има и појава на повремен локален дожд, во четврток и во петок ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец (локално и повремено со брзина од над 60 км/час). Токму ова ќе услови позначително затоплување на времето и натпросечно високи температури на воздухот, информира Попоски.

Во четврток и во петок температурите на повеќе места ќе се искачат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат дури и до пролетни 18 степени.


И во Скопје и околината ќе имаме слично време, односно позначително, но краткотрајно затоплување на времето во четврток и во петок кога ќе дува засилен јужен ветер. Тогаш температурата ќе се искачи до околу 12 степени.

Под влијание на нов влажен и студен воздушен бран од север, за време на викендот ќе имаме нови врнежи, кој поради наглото заладување на многу места ќе преминуваат во врнежи од снег, со што се очекува формирање на снежна покривка на повеќе места низ Македонија.


НАПОМЕНА: Поради наглите и големи температурни промени кој се очекуваат во следните денови, кај метеопатите се очекуваат позначителни здравствени проблеми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НЕ Е ЗАДОВОЛНА – Ескорт дама смета дека мажите се се’ полоши во кревет: Ги набројала нивните грешки

Ескорт дамата Катја Кортез верува дека мажите се се полоши во кревет, вклучувајќи ги и …