Уште една награда за „М“ на Вардан Тозија – ја освои наградата „Најдобар интернационален филм“ на Интернационалниот филмски фестивал „Ноќ на хорор“

Возбудливиот македонски игран филм М – делумно трогателна приказна за растењето/ делумно дистописка ноќна мора на Вардан Тозија, ја освои наградата „Најдобар интернационален филм“ на Интернационалниот филмски фестивал „Ноќ на хорор“!

Приказната на Тозија за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, токму во официјалната селекција на овој фестивал ја претстави македонската кинематографија пред американската публика.


По премиерата се одржаа дискусии меѓу режисерот и членови на индустријата, како и разговори со публиката. Светските права за дистрибуција на македонскиот филм “М” ги поседува американската компанија OneTwoThree Media.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …