Вечерва, со почеток во 20 часот во Театарот „Антон Панов“ во Струмица, ќе биде изведена урнебесната хит комедија „Стилист“.
Обидот за брачно неверство предизвикува низа непредвидливи, комични ситуации кои нашите јунаци ги става во невозможни ситуации, преполни со хумор.
Работена според текстот „Кројач за дами“ на Жорж Фејдо, комедијата ги разоткрива нашата современост и нашата денешна стварност на еден оригинален, шармантен и „откачен“ начин…
Цената на билетот е 250 денари.