Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, продуцент и професор.
Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски глумци. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес. Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТРИАНГЛ.
Работел како професор на ФДУ во Скопје, а бил и декан на факултетот. Познат е по улогите во филмовите „Најдолгиот пат“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“, „Деца на сонцето“, „Втора шанса“ „До Балчак“ и многу други.
Починал по долго боледување на 69-годишна возраст на 29 октомври 2020 година во Скопје.