ЦИВИЛ – Центар за слобода организира комеморација за Крешник Ајдини, интелектуалец, новинар и општествен деец, кој почина на 16 јуни 2023 година, на 55 годишна возраст

Комеморацијата за нашиот другар, колега и почесен член на ЦИВИЛ, Крешник Ајдини, ќе се одржи утре (среда), на 21ви јуни, во 13 часот, во Албански театар, Скопје.

„Ве покануваме заедно да искажеме последна благодарност и љубов кон нашиот другар и колега и да ја спомнеме неговата големина преку нашите сеќавања за него”, велат од ЦИВИЛ.


Крешник Ајдини е еден од основачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода во 1999 година и на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа во 2009 година.

Ајдини е основач и сопственик на Лајф Радио во 2002 година, познато по општествено одговорните содржини и пораките за мир и помирување во земјата.


Преведе голем број важни дела од албански на македонски и обратно, со што даде огромен придонес кон запознавање на двете култури.

Крешник ќе остане засекогаш во нашите сеќавања по својата топлина, смиреност, мудрост и добрина.


Фото: civilmedia.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …