Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот, во Македонија повторно очекуваме нови обилни врнежи од дожд на повеќе места, проследени со грмежи. Не се исклучува можноста повторно локално да се случат поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични пранења и со појава на град.


Денес, а особено во текот на утрешниот ден ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Остануваат високите пролетни температури на воздухот.

И во Скопје очекуваме слично време, утре и во вторник со повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.


И во деновите потоа ќе продолжи променливото време со повремени локални врнежи од дожд, што значи како што и претходно најавивме ќе имаме влажна седмица.

Што се однесува до температурите, тие остануваат да кажеме пролетно високи и речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат и до околу 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат и близу 20 степени.


Утре и во вторник во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Заследете го мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

Исто така следете го и мојот официјален фејсбук профил и мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер

Фејсбук профил: Славчо Попоски

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …