„Трансценденција“ – прва самостојна изложба на Јана Николовска

Вечерва со почеток во 20:00 часот во Културно Информативниот Центар – Скопје, ќе биде отворена првата самостојна изложба на Јана Николовска, насловена „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“.

На оваа изложба сакам да ве поведам на едно патување. Сакам да тргнеме од крајот кон почетокот. Сакам сите да нурнеме длабоко во себе, вели уметницата Јана Николовска.


Изложбата има за цел да направи едно патување низ различни димензии на човечката психа и внатрешност, презентирајќи 5 видео инсталации со звук во простор.

Влегувајќи од сала во сала, посетителите ќе преминуваат од една во друга сфера од изложбата. Бидувајќи во секоја сала, инспирирани од видео инсталациите, посетителите ќе бидат во еден дух на себе-спознание и интроспектива. Идејата е да видео инсталациите допрат до душата на посетителите, отварајќи простор за размислување за самите себе си, начинот на кој живееме, битисуваме и постоиме.


Двете сали со видео инсталации се метафори за внатрешниот, метафизички свет кој постои истовремено со надворешниот свет – физичкиот свет. Со тоа што посетителите ќе влезат во едната сала со видео инсталации, тие ќе влезат внатре во себе, во внатрешниот свет, па излегувајќи од неа тие ќе пристапат во надворешниот свет. Кога посетителите ќе влезат во другата просторија со видео проекции, тие повторно ќе влезат во себе, и повторно, излегувајќи од просторијата, тие ќе бидат во надворешноста – чувствувајќи ја поврзаноста и рефлексијата на двата света кои постојат симултано и зависат еден од друг, алудирајќи на важноста на вршењето на интроспектива и поврзувањето со себе си.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …