Телефон создаден за вистинско уживање во виртуелните светови

Новиот телефон на преклоп Samsung Galaxy Z Fold5 ги воодушеви сите вљубеници во гејминот и воспостави нови стандарди за играње игри на мобилен телефон.


Гејмерското искуство ва мобилен телефон доби нова димензија со новиот телефон на преклоп Samsung Galaxy Z Fold5. Овој уред кој го подобри начинот на кој и најголемите вљубеници во игрите на паметните телефони го доживуваат гејминот.

Кога ќе ги погледнете карактеристиките на Samsung Galaxy Z Fold5, јасно е дека станува збор за вистинско чудо на технологијата. Со импресивен главен екран од 7,6 инчи, секој пиксел од вашите омилени игри ќе биде прикажан во полн сјај. Дополнително, максималната осветленост е зголемена за повеќе од 30%, до 1750 нити, за оптимално гејминг искуство на отворено, дури и при силна сончева светлина. Без разлика дали сте љубители на акциони, стратешки или авантуристички игри, овој телефон ќе ви овозможи непречено играње без задоцнување. Ќе ја почувствувате вистинската брзина и моќ додека ги истражувате виртуелните светови.


Она што навистина го издвојува Samsung Galaxy Z Fold5 е неговата способност да се трансформира од телефон во таблет, овозможувајќи ви да уживате во поголем екран за игри без никакви компромиси. Можете целосно да се нурнете во светот на играта, речиси како да сте дел од него. И кога играта ќе заврши, уредот уредно се преклопува назад во својата покомпактна форма, подготвен за следната авантура.

Не само што Galaxy Z Fold5 нуди неверојатно визуелно искуство, туку и го подигнува звучниот свет на игрите на ново ниво. Стерео звучниците сместени на стратешки места обезбедуваат длабок и богат звук кој целосно ве потопува во светот на играта. Секој удар, секоја експлозија, дијалог или чкрипечка гума ви доаѓа со совршена јасност, создавајќи целосно неверојатно и возбудливо искуство.


Хардверски моќен

Со најновиот процесор и графичка картичка, Galaxy Z Fold5 е подготвен за и за најкомплицираните игри без сецкање или забавување. Никогаш нема да морате повторно да се грижите дали вашиот уред ќе може да се справи со најновите наслови во гејмингот, бидејќи мобилната платформа Snapdragon® 8 Gen 2 за Galaxy ја подобрува графиката и користи вештачка интелигенција за да овозможи динамично играње и функционалност со повеќе игри. Galaxy Z Fold5 може да издржи долги сесии за играње благодарение на напредниот систем за ладење за да се намали доцнењето и да се одржат максималните перформанси. Без разлика дали сакате акциони игри, авантури, RPG или спортски симулации, овој уред ќе ве однесе на патување полно со возбуда и забава.

Samsung Galaxy Z Fold5 е уред кој ги носи игрите на сосема ново ниво. Со својот иновативен дизајн, импресивните технологии и моќните перформанси, овој паметен телефон целосно ќе ве потопи во светот на игрите. Огромниот систем со двојна батерија од 4400 mAh во комбинација со подобрениот процесор ќе ви овозможи маратонск гејминг уживање.  Заборавете на компромисите – Galaxy Z Fold5 е тука да ви го даде врвното гејминг искуство што ќе ве освои и ќе ве задржи. Иднината на игрите ви е достапна денес со Samsung Galaxy Z Fold5!

Одлична можност за бонус придобивка!

 Со купување на Galaxy Z Fold5, Samsung ви доделува уште една погодност да искористите една од промоциите кои во моментов се актуелни: добијте до 4 месеци бесплатен YouTube Premium пакет на вашиот телефон и гледајте ги вашите омилени содржини, не само без реклами, туку и без Wi-Fi мрежа. А ако сте од оние корисници на кои секогаш им е потребен поголем простор за складирање во телефонот, тогаш можете да ја искористите промоцијата за шестмесечна бесплатна услуга за складирање на облак од 100 GB меморија, безбедна е-пошта без реклами и пристап до бесплатна поддршка од Microsoft.

Повеќе за Galaxy Z Fold5 можете да прочитате на следниот линк:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …