Течен колаген магична течност која му е неопходна на нашиот организам!

Колагенот е исклучително важен, тука никој нема дилема! Тој е директно поврзан со квалитетот на нашиот живот, и сите сме во потрага по него! Го има во кожата, ‘рскавицата, коските, мускулите и тетивите и во сите сврзни ткива. Колагенот влегува во состав и на надворешната обвивка на крвните садови, па недостатокот од колаген со стареењето е причина за намалена еластичност а со тоа и намалена функција на крвните садови!

Нашето тело произведува колаген, но по 20-та година од животот, процесот на негово формирање во телото постепено се забавува. Tелото веќе по 40тата година не може да создаде колаген. Појавата на брчките и опуштањето на кожата во најголема мера се должи на оштетување на колагенската структура во кожата. Кожата станува сува, опаѓа нејзиниот тонус, се појавуваат првите брчки. Ноктите стануваат кршливи, а косата потенка и почнува да паѓа. Намалувањето на концентрацијата на колаген во телото влијае и на тешкотии при движење, бидејќи количината на колаген во зглобната ‘рскавица и тетивите и во мускулните влакна се намалува, со што мускулното влакно станува сè помалку еластично, а мускулната маса почнува да се намалува.

Треба да знаеме дека колагенот не можеме да го обезбедиме преку храната. Тој е протеин, но внесот на основните извори на протеини како месо, јајца и млеко не ни обезбедуваат колаген (тие не содржат колаген). Треба да го внесуваме преку додатоци во исхраната. Притоа треба да сме инфомирани дека за да се искористи колагенот целосно тој треба да биде хидролизиран, разграден до ситни пептиди, за да  биде апсорбиран.


Затоа се препорачува течен колаген, кој кога е дополнително збогатен со глукозамин и хијалуронска киселина претставува ефикасен начин за обнова на колагенската структура во кожата, зглобовите, коските и сврзното ткиво насекаде во организмот. (Хијалуронската киселина ги врзува молекулите на вода во самото ткиво со што овозможува влажност и исполнетост на кожата, или лесно подмачкување кај зглобовите, додека глукозаминот помага да се спречи уништувањето на колагенот и исто така помага да се задржи хијалуронската киселина за да се овозможи се ова…)

Течниот колаген на Натура Терапи е тип 1 колаген кој директно влегува во составот на кожата, добиен од еден од најреномираните и најпознати производители на колаген во светот – компанијата Руселот од Франција.


Со редовна употреба на течниот колаген се овозможува еластичност, цврстина, хидрираност и виталност на кожата, обезбедувајки помазен изглед, намалена појава на брчките, како и подобар квалитет на косата и ноктите. Помага за зглобовите, за обнова на рскавицата. Колаген е потребен и за внатрешната структура на коските, за подобрено вградување на калциумот и другите минерали и обезбедување на густината на коскеното ткиво и цврстина на коските;

Течниот колаген од Натура терапи е наменет за сите кои сакаат да одржат здрав изглед, и добра физичка подготвеност, Но и за сите лица со артритис, воспаленија и повреди на зглобовите, за лица со остеопороза и остеопенија, лица со оштетувања на крвните садови, спортисти и сите кои сакаат активна регенерација на организмот.


Несомнено течниот колаген е магичната течност, која му е неопходна на нашиот организам!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …