Таткото на Дуа Липа доаѓа на ПИН конференција во Скопје

Овој настан, Таксират го организира по петти пат. ПИН конференцијата почнува во четврток, а ќе се одржува и на 30 ноември и 1 декември во Младински Културен Центар, Скопје.

Во четврток, 29. ноември во Скопје почнува официјалната програма на јубилејниот 20. ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ, со меѓународната ПИН музичка конференција, која во Македонија ќе собере дел најважните луѓе од европската музичка индустрија.
Како гости на панелите ќе ги чуеме ДУКАЃИН ЛИПА – директор на најголемиот фестивал „Сани Хил“ во Косово и татко на музичката ѕвезда Дуа Липа, ГИОРГИ УЈМАЈУРИЏЕ – менаџерот на култниот клуб Басиани во Грузија, ГОРДОН МЕЈСОН – уредник на најзначајниот магазин за live музичката индустрија „IQ Magazine“, но и престижниот американски „Билборд“ и британската International Live Music Conference, како и директори и претставници на славните фестивали како словачкиот ПОХОДА кој доаѓа со целиот свој тим за live презентација како „од а до ш“ се прави голем фестивал, но и ЕГЗИТ, РИВОРКС, ПАНК РОК ХОЛИДЕЈ, ЗИГЕТ и т.н. Покрај европските, ПИН ќе угости и подалечни гости, како на пример ФРАНЦИСКО КЕРЕНО кој ќе ни ја претстави бразилската музичка индустрија.


И сето тоа е само дел, а целосната програма со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ за сите посетители од Македонија. Поради ограничениот капацитет, единствена обврска имаат оние кои ќе одат на дневната програма: за да добијат бесплатна акредитација треба да се регистрираат на овој линк. За концертите, влезот е БЕСПЛАТЕН и нема потреба за претходна регистрација.


Целосната програма и сите детали за ПИН ќе ги најдете на интернет страницата www.pinconference.mk или www.taksirat.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …