ТАЈНА ЖУРКА ВО БУНКЕР ПОД ЗЕМЈА ТРГНАЛА НА ЛОШО: Во Норвешка се отруле повеќе од 20 МЛАДИ ЛУЃЕ, а тргнале добро да се забавуваат!

Повеќе од 20 лица завршиле во болница во Норвешка поради труење со јаглерод моноксид за време на забавата што се одржаЛА во подземен бункер во Осло.
Полицијата соопштила дека забавата случајно била откриена кога полициска патрола поминала група млади луѓе покрај бункерот во неделата наутро, кои изгледале збунето, пишува БиБиСи.
Неколку други луѓе наскоро излегле од бункерот и побарале итна медицинска помош.


Норвешките власти веруваат дека труењето е предизвикано од преносни генератори.
Двајца полицајци, наводно, биле меѓу учесниците во забавата.


“За среќа, состојбата на сите се подобрува. Можеме да кажеме дека тие не се во опасност”, рекол директорот на болницата во Осло.
Полицијата соопштила дека околу 200. лица учествувале на електронската музичка забава и ги повикала сите учесници кои имаат проблем со гадење, главоболка или вртоглавица да побараат лекарска помош.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …