Свечено прогласување на добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2024 година и традиционалното поетско читање по повод 21 март- Светскиот ден на поезијата

Управниот одбор и Дирекцијата на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ како и Македонскиот П.Е.Н Центар, со особена чест и задоволство ве покануваат на свечениот настан по повод прогласувањето на добитникот на наградата „Златен венец“ за 2024 година, добитникот на наградата „Мостови на Струга“ и традиционалното поетско читање по повод 21 март- Светскиот ден на поезијата.

Свеченото прогласување на добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2024 година ќе се одржи на 21.03.2024 година (четврток) со почеток во 11ː00 часот во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје.


По свеченото прогласување ќе следува поетско читање по повод Светскиот ден на поезијата на кое ќе настапат истакнати поети- членови на Македонскиот ПЕН Центар, како и други истакнати македонски поети.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …