Стивен Санчез го промовираше деби албумот „Angel Face“

Стивен Кристофер Санчез е роден на 3 ноември 2002 година и е американски пејач и текстописец. Тој во октомври 2021 го издава деби синглот Until I Found You. Синглот се искачува на 23-то место на Billboard Hot 100, 8мо место на австралиската ARIA топ листа и 14 место во Велика Британија.

Американскиот уметник уживаше во летото со ѕвезди, настапувајќи на Гластонбери во дует со Сер Елтон Џон на неговото рекордно збогување. Работејќи на свој материјал, хитот „Until I Found You“ сега има повеќе од милијарда стримови.


Синглот ја формира основата на неговиот деби албум, кој излезе на 22 септември, а го издаде Mercury Records/Republic Records.

Албумот носи наслов „Angel Face“, или „Ангелско лице“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …