Сопственикот на продавницата во која е купен лозот со рекордна премија од 2 милијарди добил милион долари

Сопственикот на продавницата во Алтадена, Калифорнија, Џозеф Шахајед, добил бонус од 1 милион долари за продажба на добитниот билет за Powerball, со што на клиентот му го донел најголемиот џекпот во историјата на игрите од 2,04 милијарди долари.
Шахајед емигрирал во Америка од Сирија во 1980-тите и вели дека не знае на кого му го продал тикетот, но се надева дека бил мештанин.
Што се однесува до бонусот, Шахајед истакнува дека има десет внуци, а за два месеци ќе има 11, па парите добро ќе му дојдат.
„А јас, како и секој ден, утре во шест часот наутро ќе бидам во мојата продавница, која е отворена сите седум дена во неделата и ќе продолжам да работам напорно“, рекол Шахајед.
Веројатноста за извлекување на добитниот тикет била еден спрема 292 милиони, а добитникот се уште не се огласил. Кога ќе го направи тоа, ќе може да избере дали веднаш ќе наплати 997,6 милиони долари или целата сума од 2,04 милијарди долари ќе ја добива на рати во следните 29 години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …