Сеќавање: на денешен ден беше роден нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше познат македонски музичар, автор и пеjaч на народна музика.

Во текот на својата кариера, Стојановски испеал поголем број хитови, од кои најпознати се: „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“. Во текот на осумдесеттите години издаде еден албум за Југотон од Загреб и четири за Југодиск од Белград.


По кратко и тешко боледување, Војо Стојановски почина на 6 мај 2014 година од рак на панкреасот.

По неговата смрт бил објавен компилацискиот албум (на два компакт диска) „Моја Македонијо“, кој содржи 19 песни што Стојаноски ги изведувал на фестивалот „Гоце фест“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …