Роналдо објавил фотографии од Белата куќа, луѓето му пишуваат: „Ова е многу тажно“


КРИСТИЈАНО Роналдо ја посетил Белата куќа заедно со својата свршеница Џорџина Родригез, што предизвикало многу контроверзии и критики.
Сепак, критичарите не го спречиле фудбалерот самиот да се пофали за посетата, по селфито кое „го сруши интернетот“. На Инстаграм, тој објавил серија фотографии на кои позира со Трамп и Џорџина.


„Ви благодарам, господине претседателе, за поканата и за топлото добредојде што вие и Првата дама ни го упативте мене и на мојата идна сопруга, Џорџина. Секој од нас има нешто вредно да понуди, а јас сум подготвен да придонесам додека ги инспирираме новите генерации да градат иднина дефинирана со храброст, одговорност и траен мир“, напишал тој покрај фотографијата.

Иако добил голем број коментари и пофалби од своите обожаватели под фотографиите, имало и такви кои негодувале на неговата објава. „Брате, што правиш таму?“, „Ова е тажно, многу тажно“, „Како можеше да го заборавиш палестинскиот народ“, „Официјално: Меси > Роналдо“, „Не го очекував ова, многу е тажно“, „Не си на списокот, нели?“, се само дел од коментарите.


„Клуб на милијардери“
Пред Роналдо да објави фотографии со Трамп и Џорџина, на интернет почнало да се шири селфи од него и Џорџина како позираат со Маск, претседателот на ФИФА Џани Инфантино, претприемачот Дејвид Сакс и други претставници на администрацијата на Трамп. Селфито предизвикало бурни реакции на интернет, а многумина ја критикувале очигледната поддршка на Роналдо за десничарската политичка опција и објавиле дека повеќе нема да го следат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The White House (@whitehouse)

„Брате штотуку изгуби еден куп фанови“
Откако фотографијата беше споделена на социјалните мрежи, следеа коментари, и додека некои го пофалија „кул тимот“, други немаа убави зборови. „Па, нема да му купувам стока за мојот син оваа година“, напишал еден корисник. Друг предвидел: „Брате штотуку изгуби многу обожаватели“.

Трет ја опишал фотографијата како „прилично тажна“, додека четврти рекол: „Па, тој едноставно ја изгуби целата моја почит а беше еден од моите омилени. На крајот на краиштата, вашите морални вредности се ужасни и искрено се надевам дека вашето селфи вредеше. Чао“. Еден од коментаторите тврдел дека фотографијата „нема да старее добро“ и додал: „Роналдо едноставно ја изгуби својата база на обожаватели и популарност“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Не е сè во изгледот – Овие квалитети на мажите се сметаат за неодоливи од жените

Мажите често се прашуваат што навистина ги привлекува жените, а одговорот на ова прашање е …