(Рецепт) ПОСНА ТОРТА СО БАНАНА И БЕЛО ЧОКОЛАДО: Мека, сочна и неодолива


Ако барате совршен посен десерт кој е мек, миризлив и богат со вкус – оваа торта со банана, кокос и бело посно чоколадо ќе ве воодушеви! Без јајца и млеко, но неверојатно пенеста и сочна. Идеална за денови на пост, но и кога сакате лесна и вкусна слатка пауза.
Состојки:
2 зрели банани
250 мл минерална вода
2 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
50 мл масло
200 г меко бело брашно
2 лажички прашок за пециво
1 лажичка сода бикарбона
150 г кокосово брашно
100 г сечкани ореви
За глазура:
200 г бело чоколадо
5 лажици масло
Подготовка:
Добро изгмечете ги бананите со вилушка. Измешајте минерална вода, шеќер и ванилин шеќер во сад, потоа додадете масло. Мешајте додека шеќерот не се растопи. Додадете ги изгмечените банани и добро измешајте сè. Смесата треба да биде лесна, миризлива и малку пенеста. Вмешајте го брашното, прашокот за пециво и содата бикарбона. Кога смесата ќе стане компактна, додадете кокосово брашно и сечкани ореви. Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 30 минути. Тортата е готова кога ќе добие златно-кафеава боја и целата куќа ќе мириса убаво. Растопете го белото чоколадо со маслото. Прелијте ја топлата глазура врз изладениот колач и наросете со сечкани ореви.
Уживајте!

Фото: Принтскрин/novosti


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува преподобен Симеон Мироточив

Стефан Немања, голем владетел на српскиот народ, бранител на Православието, истребител на ересите. Беше прво …