Репертоар на Театар Комедија од 9. до 15.јуни

9. јуни „Жена ми се вика Борис“
„Жена ми се вика Борис“ е модерна фарсична комедија, дело на Рафи Шарт, еден од најпознатите современи француски комедиографи, чиишто текстови доживуваат неверојатен успех на театарските сцени насекаде низ светот. Познат по своите прецизни заплети, тој е еден од легитимните наследници на Жорж Фејдо. Неговата провокативна лиценција поетика лесно комуницира со публиката, а неговите карактери се огледало на животот што го живееме. Комедијата „Жена ми се вика Борис“ (со оригинален назив „Жена ми се вика Морис“) е современа хит-претстава со калабалак од заплети, замена на идентитети и мноштво луди ситуации кои се одвиваат со неверојатна брзина.
Инаку, овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување, во еден наш, локализиран простор и менталитет. Основните теми во оваа комедија – проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите, либидото… – се вонвременски.
Играат:Борис – Сашо Ристовски,Алек – Роберт Ристов,Кристина – Мирјана Поповска Ристов,Ненад – Александар Михајловски,Марија – Жаклина Петровска,Јован – Столе Мицов,Соња – Ева Скендеровска.

14.и 15. јуни „Не сега, драга“
Комедијата „Не сега драга“ (од современиот англиски автор и актер Реј Куни) е комедија на забуни, смешни ситуации и интересни карактери. Дејството се одвива во хотел, за време на едно пролетно попладне. Приказната е за еден парламентарец од Куманово кој доаѓа во Скопје на состанок во собранието, се сместува во хотел и има закажано љубовен состанок со секретарката на Претседателот. Меѓутоа, со пратеникот доаѓа и неговата сопруга… и тука почнува „хаосот“…
Улоги:Јоце Коцев, пратеник – Атанас Атанасовски, Кристина, негова жена – Жаклина Петровска,Ѓоре Пиже, помлад соработник – Валентин Костадиновски – Тино, Галаба Рубен, секретарка на претседателот – Ева Скендеровска,Никола Рубен, мажот на Галаба – Дарко Вељиќ,Адем Фона, келнер – Едмонд Сотир,Рецепционерката – Кристина Ласовска,Директорот – Жарко Димоски,
Собарката Марија –Кристина Ласовска,Госпоѓа Цецка Донева, европратеник – Тања Мицков.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …