Втората работилница за експресивна арт терапија ќе се одржи денес, со почеток во 17:00 часот во Галеријата ФЛУ – објект Педагошки Факултет.
Инспирирани од 22 април, денот на планетата Земја, на оваа работилница ќе комбинираме работа со звук, отпаден текстил и природни материјали со цел да се истражиме себеси, сега и тука. Како слоевите на ткаенината и богатството од текстури, така и нашите внатрешни светови се разновидни и чекаат да бидат истражени. Секој учесник преку активација на сетилата ќе создаде приказ на внатрешниот пејзаж што го носи со себе во моментот, но и да се поврзе со пејзажите околу што го опкружуваат.
Пожелно е секој од учесниците да донесе свои природни материјали по личен избор (лисја, цветови, дрвца, школки, пердуви, јатки и сл.). Боја, лепило и четки ќе бидат обезбедени од ФЛУ.