Промоција на стрипот „Скрши што судбината гради“ од Гаја Смилевска

На 5 април со почеток во 19:00 ч. во кафе-книжарницата „Буква“ ќе биде претставен стрипот „Скрши што судбината гради“ од Гаја Смилевска. Промоцијата ќе биде во вид на разговор на авторот со визуелните уметници Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш.

Стрипот „Скрши што судбината гради“ во издание на издавачката куќа „Флип Бук Букс“ црпи инспирација од историски настани од средновековието и Византиската империја која владеела на овие простори. Авторот преку ликовите ја тематизира релацијата на младите луѓе со домот градејќи возбудлива имагинарна авантура што на делото му дава посебност својствена за историографската метафикција.


По разговорот следи покана за танц со музичкиот избор на господата Јовановиќ и Лукаш.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …