Промотивен настан за згрижување по повод Меѓународниот ден на грижа и поддршка

Со задоволство Ве покануваме да бидете дел од нашиот настан по повод 29-ти октомври, Меѓународниот ден на грижа и поддршка кој оваа година Центарот за поддршка на згрижувачки семејства СОС Детско село го посветува на поддршката и промоцијата на згрижувачките семејства. Настанот ќе биде збогатен со настапот на музичката група Силви Бенд, која ја поддржува нашата мисија со цел промоција на згрижувачките семејства.

Со својата музика тие ќе создадат позитивна и топла атмосфера и ќе ја пренесат порака за љубов, поддршка и грижа – вредности кои се клучни во процесот на згрижување. Преку овој настан сакаме да ја подигнеме свесноста за потребата од поголема поддршка на згрижувачките семејства и да поттикнеме нови семејства да ни се приклучат на оваа благородна мисија.


Настанот за промоција на згрижувачките семејства ќе се одржи на 29 октомври 2024 година, во 18:00 часот, во Домот за култура Автокоманда. Оваа посебна вечер ќе биде исполнета со музика и дружење со цел да се истакне важноста на згрижувачките семејства и нивната улога во обезбедувањето сигурен и грижлив дом за децата кои имаат потреба од поддршка и љубов.

Ве покануваме да ни се придружите и да бидете дел од оваа значајна иницијатива која има за цел да го подигне гласот за важноста на згрижувањето и да поттикне повеќе семејства да ја прифатат оваа улога. Настанот е одлична можност за информирање, размислување и поврзување, во духот на поддршка и заедништво, се вели во објавата од организаторот на овој настан.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворање на изложбата „Австриската уметност после 1945”

По повод 30 години воспоставена дипломатска соработка, Австриската амбасада во соработка со Националната галерија има …