Проекција на филмот „Нешто слатко“ во рамките на Меѓународниот Ден на млади

Во рамките на Меѓународниот ден на млади, денес 11 август 2023 година во паркот на Франкофонијата ќе се одржи проекција на филмот „Нешто слатко“. Настанот е од отворен тип и ќе започне во 20:30 часот.

Во склоп на истиот ќе се послужуваат освежителни пијалоци, со цел да се осигура добра и пријатна атмосфера.


Оваа година во фокус се зелени вештини за млади, и како, заеднички до одржлив развој и позелен свет. Успешната транзиција зависи од развојот на зелените вештини кај населението.Зелените вештини се релевантни за луѓето од сите возрасни групи, но младите можат да дадат придонес за зелената транзиција подолг временски период велат организаторите на овој настан.

Во духот на овогодишената тема „Зелени вештини кај млади лица за одржлива средина“, за проекцијата на филмот ќе се користи струја која ќе се произведува од вртежи на велосипеди, со цел заштеда на електрична енергија, а со тоа и заштита на животната средина.


Бидете дел од овој настан !!!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …