Проекција на документарниот филм „Писмото ми го донесе шампионот“

Денес во ЈОУДК „Бранд Петрушев“ во Богданци со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан документарниот филм  „Писмото ми го донесе шампионот“ во режија на Александар Манасиев и Мирко Трајановски.

Станува збор за интересно филмско остварување во кое се испреплетуваат приказната за поштарот ултрамаратонец Трајче Михов и носталгичните сеќавања за писмото како едно од главните средства за комуникација меѓу луѓето. Трајче е веројатно единствениот поштар во светот кој за 24 часа има истрчано 220 километри. Тој е маратонец, и тоа со „тапија“. Приказната за Трајче се испреплетува со сагата за писмото како начин на комуникација. Дали професијата поштар е во изумирање? Што ако целата комуникација почне да се одвива по електронски пат? Дали има луѓе на кои поштарот никогаш нема да им донесе љубовно писмо или новогодишна честитка?


Проекцијата на документарниот филм „Писмото ми го донесе шампион“ е бесплатна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …