Прилепскиот теaтар вечерва ќе ја изведе Глембаеви во Загреб

          Театарот Војдан Чернодрински со претставата Глембаеви во режија на Бранко Брезовец, гостува во Загреб на фестивалот посветен на Мирослав Крлежа. Загребската публика има можност вечерва од 21 оо.ч. во сатиричниот театар Керемпух, да ужива во изведбата на „Глембаеви“ која е критика на нововековната тајкунска чудовишност. Композитор е Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез, а сценографијата на Сузана Брезовец.       


          Со фестивалот „Мирослав Крлежа“ кој трае до 7 јули, годинава се одбележуваат 130 години од неговото раѓање. Фестивалот нуди богата и разновидна програма  и е културен настан на загребачкото културно лето и место за средба на Крлежа со уметниците и публиката.Токму затоа и учеството на нашиот театар на овој фестивал е од големо значење.

          Во претставата играат


            Andon Jovanoski, Daniela Ivanoska, Zoran Ivanoski, Dimitar Crcoroski, Isidor Jovanoski, Dimitar Ѓorѓievski, Igor Trpчeski, Ana Mitoska – Stojanoska i Suzana Brezovec.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …