ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕДИЦИЈАТА СЛОВОКУЛТ: СЛОВОТЕКА

Културно информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на презентација на едицијата СловоКулт: Словотека на ден 22.9.2023 година со почеток во 19:30 часот во Салон Империјал 2

СловоКулт : Берлин како онлајн портал постои од 2008 година, од 2015 како регистрирана мала издавачка куќа, а од 2016 како двојазично онлајн-списание за современа поезија и уметност и веќе поседува етаблиран концепт на прикажување современи и авангардни уметности во иновативен, интердисциплинарен, мултимедијален и повеќејазичен контекст – презентирајќи интернационални, – но претежно македонски и германски – книжевни, ликовни и звуковни уметници, што е содржано и во поднасловот: Текст/Визија/Звук – Text/Vision/Sound што најдобро можете да го забележите и во уметничките видеа што СловоКулт ги продуцира.


Реализираше две успешни изданија на биеналето за современи уметности (2018 и 2020), во Гевгелија, Скопје и Берлин, кое во 2023 се планира да се преобрази и да продолжи како серијал во Берлин и Скопје. Книжевен документ од биеналето е антолошката публикација во која се содржани дела од сите книжевни и ликовни уметници што учествуваа.

Овој настан е комбинација и презентација на избрана поезија во двојазична полифонија со видео изложба и импровизиран звук од врвни локални, но и интернационални уметници, е единствена и неповторлива, бидејќи самиот настан се претвора во едно својствено уметничко дело.


ПРОГРАМА:

19:30 часот Продажен салон:


Отворање на изложбата со дела од Ирена Паскали (Келн), Иван Ивановски (Скопје), Елизабета Костадиновска (Берлин) и Дијана Томиќ Радевска (Скопје), кои се илустрации во книжевните изданија.

20:30 часот Салон Империјал 2:

Интердисциплинарен, мултимедијален и повеќејазичен настан што се состои од неколку дела:

Книжевност: Рон Винклер (Берлин) и Елизабета Костадиновска (Берлин) ќе читаат свои текстови објавени во СловоКулт : публикации – (презентирањето ќе биде двојазично и тријазично)

Стихови на македонски од книжевните изданија ќе читаат македонските поети Александар Кирковски и Мануела Златкова.

Видео презентација на поезија од Софи Рајер и Краус .

Музика: Мартин Георгиевски (Amplidyne effect) и Андреј Татарчевски од Скопје, Валерија Мерлини (JD Zazie) и Максимилијан Богнер (Margaret Unknown) од Берлин.

Видео изложба на делата од уметниците објавени во публикациите на СловоКулт и Арт Еквилибриум.

Настанот е финансиран од Град Скопје и е дел од проектот „Скопје кандидат за Европска престолнина на културата 2028.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …