Познати се прелиминарните резултати од обдукцијата на Џин Хакман – едно е сигурно! Полицијата објавила соопштение и навестила ШТО ВСУШНОСТ СЕ СЛУЧИЛО

Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава беа пронајдени мртви на 26 февруари 2025 година, во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико. Тој имал 95 години, додека неговата сопруга 63 години. Покрај нив, било пронајдено и нивното куче.
Полицијата во извештајот навела дека Џин Хекман бил на влезот во собата, додека неговата сопруга лежела во бањата со греалка до главата. Постои можност Аракава да паднала ненадејно, но конкретните причини за смртта се уште не се утврдени. Тестирањето на гасоводите во куќата не покажало знаци на истекување на јаглерод моноксид или труење.
Првичните наоди од прелиминарната обдукција покажале дека парот немал видливи повреди, односно дека нема „надворешна траума“.


Покрај Бетси Аракава вило пронајдено отворено шише со апчиња, кои се издаваат на рецепт, расфрлани низ блискиот пулт. Кучето е пронајдено мртво во бањата, се вели во соопштението, пренесе Си-Ен-Ен.
Барањето за налог за претрес вклучувало дозвола за пребарување на потенцијално запаливи материјали, контролирани супстанции, оружје, траги од ДНК и други можни докази. Се уште не е јасно дали е извршен подетален претрес и кои дополнителни докази, доколку ги има, се пронајдени.
„Извештаите на медицинските иследници со конечна причина за смртта ‘обично’ се составуваат во период од четири до шест недели“, рекол Крис Рамирез, портпарол на канцеларијата на медицинскиот иследник во Ново Мексико.


„Сакаме да се погрижиме истрагата да биде спроведена правилно и да објавиме точни информации“, изјавил шерифот Мендоза во четвртокот.

Во семејната изјава, ќерките и внуката на Хекман рекле дека се „скршени од загубата“.
„Со голема тага ја објавуваме веста за смртта на нашиот татко Џин Хекман и неговата сопруга Бетси“, се вели во соопштението. „Милиони ширум светот го сакаа и се восхитуваа на неговата брилијантна актерска кариера, но за нас тој секогаш беше само татко и дедо. Неизмерно ќе ни недостига“.
Смртта на оскаровецот се случи само неколку дена пред престижното доделување на Оскарите, кое ќе се одржи викендов.


Извор запознаен со подготовките за Оскар изјавил за Си-Ен-Ен дека Хекмен ќе биде одликуван за време на церемонијата во недела.
Иако деталите сè уште не се финализирани, една можност е дека сегментот „In Memoriam“ може да се прилагоди за да ги вклучи придонесите на Хекман на кинематографијата. Исто така, можно е да се одржи специјална почит на сцената, можеби од водителот Конан О’Брајан или друга славна личност која ќе му оддаде почит на овој актерски великан.
Во текот на својата петдецениска кариера, Хекмен освои два Оскари и беше номиниран пет пати.

Фото: Агенции

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ужива на Малдивите – Лиз Харли ја покажала завидната фигура во бикини, ги воодушевила обожавателите

Актерката и модел Елизабет Харли (59) ги воодушевила обожавателите позирајќи во розово бикини и собрала …