Порше на своите работници ќе им исплати бонус од соништата

ПОРШЕ потврди дека и оваа година ќе исплати значителен бонус на своите вработени.
И’ покрај кризата, па дури и фактот дека работниците беа дома со недели за време на заклучувањето и производството беше стопирано, Порше е задоволен од деловните резултати. И тие одлучиле тоа задоволство да го споделат со сите работници, на многу опиплив начин.
Сега веќе по дифолт, Порше им исплаќа бонуси на своите вработени во април во износи за кои повеќето други работници можат само да сонуваат. Значи, сите работници оваа година ќе добијат бонус од 7850 евра. Иако ова е значително помалку од близу десет илјади евра што ги добија минатата година, тешко дека некој од 36.000 работници ќе биде незадоволен.


Порќе низ пандемијата помина значително подобро од другите членови на групата VW досега. Приходите се рекордни, а бројот на продадени автомобили и профитот само малку се намалуваат, пред се благодарение на одличната продажба на кинескиот пазар.
Деловната 2020 година има рекорден промет – вредноста пораснала на 28,7 милијарди евра и ја надминала вредноста од претходната година за повеќе од 100 милиони евра. Во светски рамки, Порше испорача 272.000 возила (-3%), додека вкупно 80.892 возила биле испорачани во Европа.
Оперативниот резултат е 4,2 милијарди евра. Во претходната година, тој изнесувал 4,4 милијарди евра или 3,9 милијарди евра после посебните ставки. Оперативната маргина на профитот во 2020 година изнесувала 14,6 проценти.


Фото: Porsche

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …