„Под Сонцето“ – концерт на Бајса Арифовска и пријателите

Утревечер, во Ну Центар За Култура Крива Паланка, со почеток во 20:00 часот, ќе може да го проследите целовечерниот концерт на Бајса Арифовска и пријателите.

Настапуваат: Бајса Арифовска, кавал
Дамир Имери: клавијатури
Ратко Даутовски: перкусии
Душко Георгиевски: вокал


Концертот се организира по повод 7-ми Април, Меѓународниот ден на РОМИТЕ.

Бајса Арифовска е македонска музичарка, претставничка на новата генерација ромски и македонски музичари. Активно свири на преку 15 инструменти.


Арифовска е мултиинструменталистка и свири на кавал, тапан, тарабука, кларинет, виолина, тамбура, а пишува и своја музика. Таа била членка на Драган Даутовски квартет и на „Танец“. Притоа, таа свирела на два албума на квартетот на Драган Даутовски – „Разбој“ (2008)[3] и „The Path of the Sun“ (2008). Од 2003 година, Арифовска работи како аранжерка и диригентка на мандолински оркестар при ромскиот културен центар „Дархија“. Со овој оркестар таа одржала неколку турнеи низ Балканскиот Полуостров, а имала бројни настапи на Македонската телевизија. Исто така, таа самостојно учествувала во повеќе меѓународни музички проекти од областа на „светската музика“ (world music). Арифовска учествувала во снимањето на неколку музички албуми, а ја компонирала и музиката за балетот „Скршен сон“. Во 2013 година го објавила самостојниот албум „Macedonian Čalgija“ во издание на „Izvor Music“.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …