По повод Светскиот ден на театарот, 27 март, слободно влезете во светот на МНТ!

По повод Светскиот ден на театарот, 27 март, Македонскиот народен театар ги отвора вратите за сите граѓани.

Публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас” од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, во која играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски.


Пред почетокот на изведбата ќе бидат прочитани светската порака од Самиха Ајуб, египетска актерка, и македонската порака од Теута Ајдини-Јегени, актерка.

Билетите се подигнуваат на денот на изведбата од 14:00 часот на билетарницата на МНТ.


РСМ НУ Македонски народен театар

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …