Време е за нова роденденска дружба, големи попусти, добра забава, многу награди проследени со супер атмосфера во Skopje City Mall за нашиот 11ти роденден!
Ви нудиме пријатно шопинг искуство, проследено со жешки попусти како и супер забава која ќе трае од 08ти до 10ти октомври.
Славиме роденден, а тоа значи…
Петок и сабота ќе ве забавуваат домашни бендови на платото кај паркот, Ди Џеј сетови низ молот, играње брејкденс, џинот и пантомимата се составен дел од нашиот роденденски репертоар, огнено шоу, бесплатен фотобут за вашето друштво, кои со сигурност ќе направат супер забава. Покрај забавниот дел имаме и gift card патрола која ќе ви поставува прашања, затоа спремете се добро. Доколку сте користник на нашата апликација тогаш ве очекува и лов на поени за MojCityMall.
Да незаборавиме на супер интересните детски работилници со MonkDolls и Botanico!
Веќе стигнавме до сабота вечер каде на нашата катна гаража ви приредуваме концерт на ДНК отворен за сите посетители. Спремете и дојдете да ги пееме најголемите хитови на ДНК на 07.10.2023
Програмата на третиот ден од роденденската забава, што ќе се одржи во недела (08.10) е прилагодена првенствено за најмладите. Започнува со “Светот на Биби и Боби”, каде за прв пат до сега освен Биби ќе дојде и “Боби”, потоа танцуваме со Aqua Dance Club за на крај да се дружиме со “Стела и Сани”. После тоа брзаме внатре во мол на работилници со Мафини Слаткограм!
„ Согласно сите мерки за супер провод Ви нудиме врвна услуга, уникатно шопинг искуство, супер забава и имплементирање на светските модни трендови. Не заборавајте во сабота после шопинг се дружиме на ДНК концерт на катна гаража.“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.
Вратите за концертот на 07.10 се отвораат во 20:30 часот, додека концертот започнува во 21:30 часот. Во недела вратите се отвораат во 11:30, а програмата започнува во 12:00 и ќе трае до 15:00 часот.
Локацијата за одржување на сите концерти е кровот на Скопје Сити Мол, каде од безбедносни причини и за комфор на присутните, проектирано е да прими до 2500 посетители. Влезот на концертите е слободен. Откако капацитетот ќе се исполни, влезовите за концертите ќе бидат затворени, по што ќе продолжат да работат на принцип излез-влез поради одржување на бројката од 2500 луѓе.
Не заборавајте попустите ги објавуваме во четврток!