Онколог: Ако сакате да се заштитите од рак, избегнувајте ја оваа популарна намирница

ИАКО некои фактори на ризик за рак, како што се генетиката и возраста, се надвор од наша контрола, експертите и истражувањата посочуваат дека ракот може да се спречи преку промени во начинот на живот и исхрана. Онкологот Др. Јиржи Кубес истакнува дека намалувањето на внесот на преработено месо и алкохол би можело значително да го намали ризикот од заболување од оваа болест.
„Некои работи кои предизвикуваат рак не можеме да ги контролираме, но исхраната и начинот на живот секако играат улога. Светската здравствена организација (СЗО) ги класифицира преработеното месо и алкохолот како канцерогени. Намалувањето на внесот на овие намирници го подобрува целокупното здравје”, вели др. Кубес за Daily Express.
Ова е потврдено од Cancer Research UK, кој наведува дека „консумацијата на големи количини на преработено месо го зголемува ризикот од рак на дебелото црево. Врската помеѓу преработеното месо и ракот е јасно докажана како врската помеѓу тутунот и алкохолот со ракот”.
Алкохолот ги оштетува клетките и ја попречува нивната способност за регенерација, а во исто време може да ги наруши хормоните и да ја зголеми фреквенцијата на клеточната делба, што дополнително го зголемува ризикот од развој на рак.


Одржувањето здрава тежина и редовна физичка активност се клучни за намалување на ризикот од рак.
Според др. Кубес, „пиењето алкохол го зголемува ризикот од рак на црниот дроб и дебелото црево, меѓу другите видови на рак. Сè уште не знаеме точно во колкава количина на алкохол станува ризично, но знаеме дека поголемата потрошувачка го зголемува ризикот”. Кога станува збор за преработеното месо, СЗО нагласува дека постојат јасни докази дека тоа е поврзано со рак на дебелото црево.

Преработеното месо вклучува храна која е конзервирана со чадење, сушење или солење, како што се шунка, колбаси, виршли и суво месо. „Најдобро е да ги јадете умерено и да ја збогатите исхраната со овошје, интегрални житарки и зеленчук“, советува др. Кубес.
Покрај исхраната, одржувањето на здрава тежина и редовната физичка активност се клучни за намалување на ризикот од рак.
„Доколку сте загрижени за можноста за развој на рак или забележите симптоми, секогаш консултирајте се со лекар“, заклучува др. Кубес.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ужива на Малдивите – Лиз Харли ја покажала завидната фигура во бикини, ги воодушевила обожавателите

Актерката и модел Елизабет Харли (59) ги воодушевила обожавателите позирајќи во розово бикини и собрала …