Одлична понуда на книги на “Летен саем на книга“


Од денес па сѐ до 13 јуни во организација на Скопје Сити Мол и Здружението на издавачите и книжарите на Македонија ќе се одржи “Летен саем на книгата“,на кој ќе бидат понудени илјадници наслови од различни жанрови и автори.
Традиционално секоја година во пресрет на летото и летните одмори, Скопје Сити Мол ја збогатува својата понуда за посетителите со книги. Овогодинешни учесници на саемот се: Просветно Дело, Икона, Детска Радост, Матица, Магор, Нампрес, Логос А, Бата Прес и издавачката куќа Венеција, што гарантира извонреден избор на книги и стручна литература по специјални саемски цени.
Покрај продажниот дел, саемот е збогатен со детско катче, игри на социјалните медиуми и други изненадувања. Саемот се одржува во приземјето на Скопје Сити Мол, а сите љубители на пишаниот збор може да го посетат секој ден од 10:00 до 22:00 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Деца на светот“ – Тажна Комедија која ја обработува емотивната тема за децата кои заминале во светот и нема да се вратат никогаш

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Театарот „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе биде …