Одбележување на 79 години МНТ

Овогодишниот 79. роденден на МНТ ќе биде хуманитарно одбележен. Низ сите години на постоење, оваа институција секогаш била тука за публиката. Тоа продолжува и денес со изведбите на претставите „Силјан Штркот шанца” и „Сите сме птици” – кои во таа чест ќе бидат одиграни на 3 април. Средствата од продадените билети за овие претстави ќе бидат наменети за лекување на нашиот Леонид Индов. Истиот ден во фоајето на театарот ќе биде претставена документарна изложба „Миг кој трае”, на која низ оригинални фотографии и предмети ќе бидат претставени дел од досега изиграните претстави од 1945 година до денес. Изложбата е отворена за публиката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …