НОБ најавува четири изведби на популарната балетска претстава „Оревокршачка“

По повод новогодишните празници, Националната опера и балет ја најавува балетската претстава „Оревокршачка“.

Поради големиот интерес, најавени се четири изведби во среда, 25.12, сабота, 28.12, недела 29.12 и понеделник на 30.12.2019. Претставите на 25. и 29. декември се наменети за најмладите и се со почеток во 12. часот, на пладне, додека претставите на 28. и 30. декември се со почеток во 20 часот, со оркестарот, балетски првенци, балетски солисти, балетскиот ансамбл како и ученици од ДМБУЦ – Илија Николовски Луј. Диригент е Бисера Чадловска.



Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела, на сите светски сцени по музика на Петар Илич Чајковски. Волшебна балетска авантура за сите возрасти. Новогодишно-божиќна бајка која мириса на снег, карамела и на цимет. Обоена е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од балетот „Оревокршачка“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …