Направете ги празниците позабавни со новите серии на SkyShowtime

Добрите шоуа овозможуваат извонредно искуство за гледачите да уживаат во возбудливи приказни во и празнично да се релаксираат. Со порастот на платформите за стриминг и достапноста на ТВ сериите, омилените серии ни се на дофат на раката. За овие празници повеќечасовно непрекинато гледање на добри филмови, шоуа и серии ќе може да си ги овозможиме на SkyShowtime.

Dreamland


Приказната е сместена во британскиот приморски град Маргејт, а на трите сестри ќе им се превртат животите наопаку кога нивната четврта сестра ненадејно ќе се врати. Мел се враќа неочекувано и го дестабилизира целото семејство. Во градот Маргејт, најстарата сестра Триш е бремена и чека девојче. Нејзините сестри Клер и Лејла се грижат околу нее заедно со нивната мајка.

Сценариото е оригинално и толку многу смешно! Целата актерска комплетно ја пренесуваат целокупната визија на креаторите на шоуто! Критичарите ја оценуваат како брилијантно напишана драмска серија, смешна, а сите ликови целосно оформени. Пејачката Лили Ален го игра нејзиниот лик на една од сестрите одлично.


Smothered

Семи е независна млада жена која раскрстува со апликациите за романтични состаноци, а Том е маж со топло срце кој си го носи својот багаж од минатото. Уморна од постојаните и досадни романтични издигнувања и падови, Семи смислува план да има тринеделна „афера“ со Том, а потоа да се раздели. Планот не излегува баш според очекуваното. Серијата маестрално ги балансира неизвесноста и драмата, држејќи ги гледачите занесени со неочекувани пресврти и емоционална длабочина.


 

Yellowjackets

Оваа напната епска серија за преживувањето, психолошки хорор и драма за созревањето е сага за еден тим многу талентирани средношколки фудбалерки кои се (не)среќните преживеани во пад на авион длабоко во далечната дивина на северот. Серијата е хроника на нивниот пад и истовремено следејќи ги и животите кои се обидуваат да ги доведат во ред речиси 25 години подоцна, покажувајќи дека минатото никогаш не е вистински минато и дека она што започнало во дивината е далеку од завршено. Серијата брзо се развива а изведбите на актерките Мелани Лински, Џулиет Луис и Саманта Ханрати се мешавина од хумор и уникатно ремек дело.

Овој волшебен период гледачите ќе имаат можност да се поврзат споделувајќи ги впечатоците од овие одлични серии, да разговараат за патувањата и животните предизвици на ликовите и да се одморат од секојдневните стресови. Затоа, побрзајте и регистрирајте го вашиот профил на https://www.skyshowtime.com/mk и уживајте во бескрајните часови врвна забава!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …