Најдобриот од најдобрите телевизори за вашиот дом!

Паметните телевизори на Samsung со своите иновативни технологии и неверојатен дизајн кој преминува во луксузна димензија се уреди кои ќе ве запознаат со едно сосема поинакво и врвно искуство при гледањето телевизија. И не само тоа, туку многу веројатно и дека овој телевизор ќе биде еден од најубавите уреди во вашата дневна соба.


Почувствувајте ја моќта на 8К резолуцијата

Neo QLED телевизори го покажува патот до врвните иновации за прикажување на содржини и поставува нови стандарди за самите уреди. Со најновата технологија за зголемување на резолуцијата и напредните функции, во срцето на беспрекорниот Neo QLED 8K екран е 8K Neural Quantum Processor, кој управува со бројни невронски мрежи и алгоритми, користи вештачка интелигенција и технологија за машинско учење за да направи секој детал да блеска на вашиот екранот.


Телевизорот  QN900C Neo-QLED TV ја вклучува токму напредната неврална технологија Quantum 8K која обезбедува совршена слика со оптимизирани високи нивоа на контраст. Технологијата Quantum Matrix Pro носи најреална репродукција на бои и исклучително детални слики, што значи дека гледањето на ваш омилен филм или било која други ТВ содржини ќе биде фантастично и целосно  искуство. За тоа е задолжена и технологијата Object Tracking Sound Pro која ќе ви овозможи динамичен звук од сите агли на просторијата, што обезбедува целосно потопување во содржината. Ова е особено корисно кога гледате содржини со многу акција, како што се спортски настани и филмски спектакли – чувството како да сте во центарот на збиднувањата ќе ве обземе со својот реалистичен ефект, а технологијата Dolby Atmos ќе гарантира јасен звук кој ја исполнува целата просторија.


За дизајнот на Neo QLED 8K телевизорите може со сигурност да се каже дека се совршени:  Infinity Screen, како што е наречен дизајнот, со минималистичките рамки, тенкиот профил и рамен заден дел, одлично ќе се вклопи во секој ентериер, без разлика на големината на просторот. Конкретно, овој модел QN900C Neo-QLED TV  можете да го имате во величина од 65, 75 и фантастични 85 инчи и да ја внесете иднината пред време во вашиот домашен простор. Или пак, ако го изберете  телевизорот QN800C кој поседува и одлични перформанси при гејмање или стримање, ќе увидите дека извонредноста на овој телевизор не е само поради 8К, туку и поради технологијата Ultra Viewing Angle која ви овозможува од било кој агол во просторот да имате совршен поглед кон содржината на екранот.

Убавината на OLED телевизорите и нивните врвни перформанси

 Samsung OLED телевизорите поседуваат технологија која обезбедува најдобри контрасти и нијанси на боја при што секој пиксел на екранот се вклучува или исклучува, овозможувајќи неверојатно прецизна контрола на осветленоста и темните нијанси. Затоа, сликата на OLED телевизорот е исклучително остра, богата со бои и со прецизен контраст.

Samsung OLED TV S95C 4K Smart TV е еден од најдобрите големи телевизори на пазарот. Ќе ве импресионира со својот огромен OLED екран од 195 сантиметри (77 инчи), кој ги прикажува сликите реално како да сте таму. Технологијата Quantum Dot овозможува прекрасни црни, сјајни бели и целосни нијанси на бои, додека квантниот 4K неврален процесор напојуван со вештачка интелигенција обезбедува навистина извонредно доживување при гледањето. Со 20 различни невронски мрежи добивате исклучителна осветленост и длабок контраст на прикажаната слика. Иновативниот режим Eye Comfort Mode автоматски ги прилагодува осветленоста и боите на екранот, овозможувајќи ви пријатно и удобно доживување при гледањето без непотребно оптоварување на очите. Dolby Atmos технологијата со опкружувачки звук и аудио следење обезбедува незаборавни моменти при гледање телевизија, додека пак технологијата Q-Symphony овозможува звучниците на телевизорот и звучниците Soundbar да работат истовремено и да се надополнуваат еден со друг, обезбедувајќи уште поизвонредно искуство – следејќи ја акцијата и обезбедувајќи незаборавни моменти додека гледате телевизија.

Kaj Samsung OLED телевизорите, елегантна софистицираност е обезбедена од дизајнот LaserSlim. Екстремната тенкост се рефлектира во две насоки како ласерски зрак. Самиот екран е многу тенок и речиси без рамка, создавајќи елегантен и минималистички изглед што го прави телевизорот идеално да се вклопи во секоја просторија.

Паметен дом со апликацијата SmartThings на вашиот телевизор

Посветеноста на компанијата Samsung се зголемува од година во година, така што продолжиува и развојот на интуитивната технологија дизајнирана да ги задоволи потребите на своите корисници. Платформата SmartThings, како уште една придобивка на уредите Samsung, овозможува беспрекорна интеграција и поврзување на повеќе уреди, додека безбедноста останува главен приоритет, што им олеснува на корисниците да создадат навистина персонализирано искуство што одговара на нивните преференции и потреби. Штом го поврзете вашиот телефон со телевизорот преку платформата SmartThings, не само што ќе можете од телефонот да ги давате сите команди за ваше уживање во филмската вечер, туку на големиот екран од телевизорот ќе можете да ги следите и сите други апарати од вашето домаќинство кои се врзани со оваа апликација.

Платформата Samsung Knox обезбедува сигурност и заштита на вашите податоци

Новата технологија денес значи и дека голем дел од вашите податоци, покрај мобилните телефони, се наоѓаат и во вашиот телевизор. Сепак, компанијата Samsung имајќи го ова предвид, ја вклучува платформата Samsung Knox која е една од софтверските карактеристики со кои дефинитивно може да се пофалат Samsung Neo QLED TV и OLED TV. Придобивките што оваа платформа им ги носи на корисниците се првенствено повеќеслојна заштита која ги зачувува вашите податоци како што се PIN-кодовите, други кодови и лозинки. Исто така, сите други уреди поврзани со вашиот омилен телевизор се безбедни, додека истовремено сте заштитени од злонамерни напади, бидејќи оваа платформа автоматски ги блокира таквите дејства и пристапот до сајтовите за „фишинг“. Покрај целосната безбедност,  Samsung го оптимизира и вашиот уред преку редовни ажурирања, ревизии и следења за да имате целосно искуство.

 

Погледнете ги моделите на телевизорите на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/qn900c-65-inch-neo-qled-8k-smart-tv-qe65qn900ctxxh/

https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/qn800c-65-inch-neo-qled-8k-smart-tv-qe65qn800ctxxh/

https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s95c-77-inch-oled-4k-smart-tv-qe77s95catxxh/

 

 

 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …