На денешен ден е родена познатата српска актерка Светлана Бојковиќ

Светлана „Цеца“ Бојковиќ е родена во Земун на 14 декември 1947 година.

Дипломирала на на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград во 1970 година. Како глумица реализирала бројни театарски, фимски и телевизиски улоги, од кои поистакнати и попознати се: „Кучето што ги сакаше возовите“ (1977), „Некоја друга жена“ (1981), „Ало такси“ (1983), „Подобар живот“ (ТВ серија) (1987—1991), „Смртта на госпоѓата министерка“ (ТВ) (1991), „Среќни луѓе“ (ТВ серија) (1993—1996), „Семејно богатство“ (ТВ серија) (1998—2001). Кариерата ја започнала во 1967 година, со филмот Еден ден мој Јамеле, а десет години потоа, го реализирала својот најголем успех во филмот, играјќи ја улогата на Мика во социјалната драма Кучето што ги сакаше возовите.


Во деведесеттите години на минатиот век, Светлана, станува најголема домашна телевизиска ѕвезда благодарејќи на улогите во исклучително популарните ТВ серии особено ма оние создадени од Синише Павиќ: најпрво како Емилија Попадиќ во Подобар живот, потоа како сестра Антонија во Среќни луѓе, и на крајот како Валерија Гавриловиќ во Семејното богатство. Улогата на главната медицинска сестра – Антонија, се смета за ремек-дело на домашната глума.

Има три бракови, првиот со Милош Жутиќ за кого се омажила во 1968 година, а нивната ќерка Катарина Жутиќ е исто така глумица. Додека третиот нејзин маж – Славко Кралевиќ, бил амбасадор во Финска, а тоа било причина таа извесно време да ја прекине својата глумечка кариера, живеејќи во Хелсинки.


Награди:

– Награда „Големата Жанка“ (2003)
– Награда за животно дело „Добричиниот прстен“ (2005)
– Златна арена на Фестивалот во Пула за улогата во филмот „Кучето што ги сакаше возовите“,
– Две награди „Ќурка“ на Деновите на комедијата во Јагодина за улогата на Јованка во претставата „Отворено море“ (1978) и улогата на Белиза во претставата „Учените жени“ (1991),
– Добитник е на Октомвриската награда на градот Белград, Награда „Јоаким Вујиќ“ за придонес во театарската култура,
– Наградата „Бранислав Нушиќ“ за животно дело во областа на комедијата,
– Златна Ќурка (2014)
– Наградата „Зорановиот мустак“ за улогата на Драгица во претставата „Мојата ти” во изведба на Ателје 212 (2017)
– Наградата Златен јавор за исклучителен придонес во евромедитеранскиот филм, на Фестивалот на средоземно-европскиот филм во Требиње (2018)
– Стеријина награда за особени заслуги во развојот и унапредувањето на театарската уметност и култура(2019)


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …