На денешен ден е роден светски познатиот тенор Андреја Бочели

Андреја Бочели е роден на 22 септември 1958 година во Лајатико, Тоскана во Италија и е светски познат пејач, писател и музички продуцент.

Бочели бил ослепен на возраст од 12 години, поради мозочно крварење, кое го добил како последица од удар на главата играјќи фудбал. Никогаш не зборува за својот инвалидитет.


Како дете Бочели свирел на црковни оргули, а на возраст од 12 години ја добил наградата „Margherita d’Oro in Viareggio“ со песната „O sole mio“. Тоа било негова прва награда освоена на некое натпреварување. По едногодишно работење како адвокат (дипломирал како Доктор на Право на Универзитетот во Пиза), почнал да зема часови по пеење кај Лучано Ветарини. Од тогаш, никогаш не го прекинал надградувањето и тренирањето на својот глас, посетувајќи разни настави.

Италијанската рок ѕвезда Ѕукеро, барајќи тенори, го примил на аудиција Бочели во 1992 година. Откако ја слушнал касетата, познатиот тенор Лучано Павароти , започнал да го убедува Ѕукеро да го искористи како тенор Бочели наместо него. Во 1994 година ја извел победничката „Il mare calmo della sera“ на фестивалот во Санремо и како последица на тоа го постигнал својот прв Златен Диск. Истата година дебитирал како Мекдаф во вердиевата „Макбет“, пеејќи во чест на Павароти на корцерт во Модена, и пред папата за Божиќ.


Во 1996 година во Германија заедно со сопранот Сара Брајтман ја испеел англиската верзија на „Con Te Partiro“, насловена како „Time to Say Goodbye“, кршејќи ги рекордите за продажба и останувајќи на германската топ 10 листа скоро шест месеци. Во наредните години Бочели настапувал во Париз, Болоња и Ватикан, и издавал албуми. Во 1998 година влегол на американскиот пазар со концерт во Вашингтон во центарот „Кенеди“ и во Белата Куќа. Истата година Бочели започнал турнеи низ Северна и Јужна Америка, а снимил и дует со Селин Дион. Албумите на Бочели биле на врвот на топ листите на американските класични албуми. Во 2002 година, Бочели ја повторил американската турнеја, освојувајќи притоа две Светски музички награди.

Бочели има настапувано и на многу добротворни настани, а исто така има издадено автобиографија именувана како „Музика на тишината“ во 2001 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …