На денешен ден е роден актерот Роберт Вељановски

Роберт Вељановски е роден во Скопје на 5 февруари 1968 година. Тој е  македонски глумец и поранешен директор на Драмски театар – Скопје.

Вељановски е дипломиран глумец на Факултетот за драмски уметности при Унивезритетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1997 година е вработен во Драмски театар – Скопје.


Како глумец реализира повеќе главни и споредни улоги не само во театарски претстави, туку и во филмови, телевизиски и радио проекти. Ангажиран е и како лик во повеќе перформанси и рекламни спотови.

Подолу е дел од неговата богата театрографија;


Андреј (Вазна од порцелан, 1996); Мортимер (Арсеник и стара тантела, 1996); Натемаго (Лазаревото писмо, 1997); Креонт (Ојдипус тиранос, 1997); Водачот/ Распод/ Ајсхил/ Тадеуш/ Кантор/ Шекспир/ Бекет (Среќата е нова идеа за Европа, 1997); Фили Кулен (Заводникот од западниот свет, 1997); Филип Глас (Тхе Ловер, 1998); Неоптолем (Филоктет, 1998); Жан Марк (Стари миризби, 1999); Пјер Кошон (Јованка Орлеанска, 2000); Клаус Ман/ Себастијан Брукнер (Мефисто, 2000); Лизандер (Сон на летната ноќ, 2001); Доктор Боу (Мачка на вжештен лимен покрив, 2003); Тузенбах (Три сестри, 2004); Спиро Квачка (Ладало, 2006); Танаско (Македонски рулет, 2007); Чиновникот (Супернова, 2008); Пу-Пу/ Американецот (Кинегонда во Карлаленд, 2009); Д-р Роберт Вељановски (Генетика на кучињата, 2012); Исидор Солунски (Еригон, 2015); Непознатиот (Кристофор Колумбо, 2016).

Остварил голем број на филмски и телевизиски улоги, во следните филмови и тв серии: Светло сиво (1993); Анѓели на отпад (1996); Бумбари (1996); Вампирџии (2001); Волци (2003), Трагачи по вампири (2007), Адиоос (2007), Пилот (2010), Човекот со чудна навика, да ме удира со чадот по глава (2012), Збор (2015), Операција дијамант (2016), Ругање со Христос (2018), Кино Љубов (2021) Бистра вода (2022-2023), Црвениот поет (2024).


Среќен роденден Роберт ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …