На денешен ден е роден актерот Крсте Јовановски

Крсте Јовановски е роден на 13 март 1960 година во Велес. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Во 1984 година завршува Факултет за Драмски уметности, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Георгиевски, и истата година се вработува во Струмички театар. Од 2012 година работи во Театар Комедија.

Јовановски има остварено бројни филмски улоги:


1982 Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1984 Белото циганче ТВ-серија
1984 Јуначко колено ТВ-серија
1985 Од зад грб ТВ-филм
1986 Климент Охридски ТВ-филм
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм
1995 Адска машина ТВ-филм
1998 На Балканот не се пие чај ТВ-филм
2001 Прашина ТВ-филм
2002 Вампирџија ТВ-филм
2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм
2007 Сенки ТВ-филм
2012-2014 Тврдокорни ТВ-серија
2014 Ладно е надвор ТВ-филм
2014 Приказни од животот ТВ-серија
2015 Македонски народни приказни ТВ-серија
2015 Последниот Македонец ТВ-филм
2015 Цимери ТВ-серија
2017 Ах, љубов моја ТВ-серија
2018 Година на мајмунот ТВ-филм
2020-2023 Македонски народни приказни ТВ-серија
2022 Ручек ТВ-филм
2022 Тале и Корона ТВ-филм
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија

Среќен роденден Крсте, ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …