На 25 октомври во кино Мис Стон премиерно ќе биде прикажан најноиот макеоднски филм „Лена и Владимир“

На 25 октомври 2023 / среда/ од 19.30 часот во кино Мис Стон премиерно ќе биде прикажан најноиот макеоднски филм „Лена и Владимир“. Влезниците ќе се продаваат на билетарницата од киното
вторник и среда од 10 до 13 часот и два часа пред почетокот на проекцијата.

Податоци за филмот:
Режија: Игор Алексов
улоги: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски
времетраење: 95′
земја: МАКЕДОНИЈА, Србија
жанр: Трилер, драма


Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …