МНТ СО „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ ГОСТУВА ВО ЦРНА ГОРА И БИХ

Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател” од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, за краток период по премиерата доживеа голем успех и доби повеќе признанија и награди како на домашната така и на интернационалната фестивалска сцена. Претставата на 31 мај ќе гостува на сцената на Црногорското народно позориште, Подгорица; потоа на 2 јуни во Босанското народно позориште, Зеница, а во јули ќе се најават и други фестивалски гостувања.

Известува – Мила Анѓелковиќ


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на полското дуо Siksa во Котур

Вечерва, со почеток во 21:30 часот, во Котур, ќе може да го проследите концертот на …