Многу непријатно: Жените молчат за овие сексуални теми

Иако сексот, на крајот на краиштата,се сведува на нешто пријатно и позитивно, има и некои работи за кои често се молчи.
Сигурно барем неколку пати сексот ви бил смешен или непријатен, а тие ситуации сте ги задржале само за себе. Ова се некои од темите за кои жените најчесто најмалку зборуваат.

Неуспешен обид за „валкан“ разговор
Иако тоа може да биде придвижувач на страста, валканите разговори понекогаш знаат да минат во неочекуван, погрешен правец. Можеби тој претерал, а можеби вие само погрешно сте го сфатиле, кој ќе го знае. Знаеме само дека треба внимателно да ги избирате зборовите за кои сте сигурни дека минуваат.


Вагинална сувост
Иако сте опуштени и потполно загреани за секс вашата вагина не се согласува со вас. Наместо непријатно гледање во очи со партнерот и тивко шепнување на зборот „прости“, едноставно земете лубрикант или дури и некое природно масло кое не е премногу интензивно за вашето чувствително подрачје.

Замислувате некој друг
Иако го сакате својот партнер и не би го менувале за никото понекогаш во мислите ви се појавува некој колега од работа, бивш дечко или Рајан Рејнолдс. Како и да е,обидете се тоа максимално да го скриете, а ако пак изговорите туѓо име…Убедете го дека погрешно слушнал.


Сексуални повреди
Можеби премногу сте се занеле, а можеби сте испробувале нова непријатна поза. Истегнување на мускулите и повреди на интимните органи им се случуваат на сите,а единствено што тоа треба да го сфатите како знак за одмор и пауза од односи.

Вагинални звукови
Девојките често се срамат од оваа зачестена појава, но верувајте ни, нему тоа сигурно не му пречи. Напротив, може дополнително да го возбуди.


Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Воскресение Христово – Велигден

Воскресение Христово Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат …