МКЦ станува дел од проектот Видеодрум со гостување во третата епизода закажана за емитување вечерва од 21. часот на Channel Zero.
Се работи за видео емисија во која се презентираат концертните активности на Културни центар ГРАД (Белград), Mochvara(Загреб), KUD Channel Zero (Љубљана), Радио Ројц (Пула), а од денес и активностите на МКЦ – Скопје.
Во оваа трета епизода, од скопската сцена ќе дознаете повеќе за Lufthansa, Foolish Green и Марија Каева.
Сите претходни епизоди на Видеодрум се достапни на каналот на Channel Zerо.
Фото: Гоце Лалковски