Милошевски, Авалон Продукција: Универзална сала изгоре од мака, се изеде самата себеси, 11 години Македонија и Град Скопје не се во состојба да направат едно саличе за 1500 луѓе

Соопштението на Авалон продукција во врска пожарот на Универзална сала, ви го пренесуваме во целост:

Универзална сала изгоре од мака, се изеде самата себеси… ја изеде туѓ 9 годишен срам!
Универзална сала (сала во која ние сме ги донеле Bryan Ferry, Diana Krall, David Sylvian, David Byrne, сме имале концерти со Тоше, Каролина, Владо, Ареа, Влатко, цела екс-ју естрада) изгоре од мака.
Ја изеде туѓиот срам. Народски речено – пукна од мака!
Срамот кој го немаат политичките елити овде.
Ова ,,елити” е циничен сарказам – бидејќи тие не се елити ниту во налудничав сон!
Како на друг начин да се објасни фактот дека од нејзиното затворање, до нејзиното потенцијално отворање: ЦЕЛИ 11 ГОДИНИ СЕ ДЕЛАТ ПЛАТИ НА ВРАБОТЕНИ, ПАУШАЛИ НА УПРАВЕН ОДБОР И СЕ ПЛАЌА КИРИЈА ЗА КАНЦЕЛАРИИ!
Со парите трошени во овие 11 години на горенаведеното, 1000 пати требаше да биде реновирана салата и истата да прави пари!
Ама, тие пари никој не ги дава од џеб. Ги дава Град Скопје од ваши и наши пари.
Ваков недомаќинлук е за Гинисова книга за шампиони во моронизам.
11 години Македонија и Град Скопје не се во состојба да направат едно саличе за 1500 луѓе! Да го реновираат де…
Модерно Дубаи е изградено за пола од тоа време.
Универзална сала е слика и прилика за тоа како се практикува политиката во Македонија.
Таа е искршеното во милион парчиња огледало на сите ние кои останавме овде… во кое се гледаме секој ден.
За крај: во политички маркетинг за изборни циклуси, од буџет на Македонија се потрошени 18.000.000 евра од затворањето на салата, до денес.
Тоа е се’ што треба да знаеме/знаете!
Бобан Милошески


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …