Македонско вино од Камник меѓу десетте најдобри во светот

Тен БарелсСира 2017 Резерва (TenBarrelsSyrah 2017 Reserva) од ВинаријаКамник доби златен медал и е прогласено за едно од најдобрите 10 Сира вина во светот, на Сира дуМонде 2020 (SyrahduMonde 2020), Меѓународен натпревар за најдобрите Сира вина. Сира 2017 од ВинаријаКамник го зазема престижното второ место претставувајќи ја нашата држава, пред пласираните производители од Австралија, Франција, САД, Португалија, Канада, Јужна Африка.

Четиринаесеттиот квалитативеннатпревар на најдобрите светски вина Сира/ Шираз се одржа на 27-29 октомври во Шатод’Ампуис во северната долина на реката Рона, Франција. Во контекст на натпреварот се дегустирани 307 примероци Сира вино од 27 земји, во согласност со меѓународните правила и се доделени само 14 златни медали на светско ниво.


Сира 2017 од ВинаријаКамник е вино добиено од сопствените насади, и се карактеризира со интензивна рубин црвена боја, висок екстракт и голем потенцијал за созревање, додека букетo изобилува со ароми на црвено и црно ситнозрнесто овошје. Комплексноста на ова вино се должи на 17-месечното одлежување во нови буриња од американски и француски даб кои придонесуваат за добивањедискретни зачински тонови, елегантен и полн вкус, со одлична структура, кадифени танини и добро интегрирани дабови ароми со долготраен послевкус.


Тен БарелсСира 2017 Резерва од ВинаријаКамник е вино наградено со уште два златни медали, на Балканскиот меѓународен вински натпревар (The BalkansInternationalWineCompetition) од 2019 и на Мундус Вини од 2020 година (MundusViniSpringEdition).

Сортата Сира е родена многу одамна на ридовите на северната долина Рона. Оттогаш успешно се шири и во другите француски региони и низ целиот свет. Како такви, вината Сира/ Шираз покажуваат богат спектар на сензорни карактеристики кои ги рефлектираат нивните различни тероари, клима и винарски практики.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …