Кино на отворено – Проекција на два филмa од домашна продукција под ведро небо на техничкиот кампус на УКИМ

Во четврток на 25 април 2024 година на техничкиот кампус на УКИМ (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ), со почеток во 20:00 часот ќе биде одржана проекција под ведро небо на два филма од домашната продукција, со цел да се преслика духот на летното кино дури и само за една ноќ.

Ќе бидат прикажани филмовите: „Тага“ во режија на Тина Величковиќ и „Лена и Владимир“во режија на Игор Алексов.


Дебитантските дела на младите режисери се остварувања во кои се вложени огромен труд, посветеност и љубов. Наративните се искрени, со голем актерски влог и со умешни нијанси на продукциски решенија кои носат свежи перспективи на домашната кинематографија.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …