ЌЕ БИДЕ МНОГУ МАЧНО, СПАРНО И ТЕШКО: Од Сахара према Балканот и Македонија доаѓа нов облак од прашина и песок

Метео прогноза на Славчо Попоски

Нов облак од прашина и песок од Сахара доаѓа над Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ја и Македонија во недела и во понеделник, придружен со повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина и од над 60 км/час).


Токму поради ова, Атмосферата повторно ќе биде многу заматена, а времето ќе биде многу мачно, спарно и тешко, што секако особено лошо ќе се одрази врз метеопатите.

Времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево, а температурите ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 28 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели тие се очекува да се искачат дури до околу, а можно е и над 30 степени.


Со ова температурите ќе бидат дури за 10 до 15 степени повисоки од нормалните.

Секако дека ова многу ретко се случува на самиот крај на март да не зафати ваков летен топлотен бран.


Умерено опаѓање на температурите на воздухот, кој ќе бидат придружени со еден брз Атмосферски фронт од север и од северозапад кој ќе донесе локална и краткотрајна дестабилизација на времето кај нас се очекува од вторник, но детална анализа околу ова следува во нашите следни метео објави.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Покровот на Пресвета Богородица

Покровот на Пресвета Богородица е важен христијански празник кој се обележува на 14. октомври по …