Избрани младите поети што ќе читаат на „Скопје СИ ТИ“ во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“

Тимот на „Култура Бета“ и „ПНВ Публикации“ ги избра младите поети што ќе читаат на настанот „Скопје СИ ТИ“ по претходно распишаниот конкурс за песни на тема урбана поезија.

На „Скопје СИ ТИ“ ќе читаат: Јулија Ангелова, Андреј Анѓеловиќ, Виктор Бучковски, Иво Донев, Марко Иван Кочишки, Нино Наумовски, Дарио Постоловски, Теодора Прокоповска, Михаела Стефановска, Методија Тасевски, Крсте Трифунов и Розе Ускоска.


„Скопје СИ ТИ“ ќе се одржи на 24 март, недела, во кафе-книжарницата „Литература.мк“ во Скопје Сити Мол, со почеток од 18:30 часот.
Станува збор за настан што ги поддржува младите поети почетници, за оние што можеби и не објавиле ништо досега, нудејќи им шанса да се претстават со поетско читање, во рамки на проектот „Денови на поезијата“, што ќе се одржи во периодот од 21 до 24 март, во организација на Скопје Сити Мол заедно со Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“, филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје, Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, „ПНВ Публикации“ и „Култура Бета“, и ќе се состои од низа настани за промоција на поезијата. Програмата во целост ќе биде објавена наскоро.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …