Интервју со Вселенаутика: Најубавите нешта се неочекувани

Вселенаутика е бендот за кој во последно време почесто се говори на алтернативната сцена. Бендот дебитираше со песната „Ива“ и сними видеоспот за истата, а потоа следеше синглот „Предци“, за која исто така снимија видео.

Зад песните стојат скопскиот кантавтор Емил Бакев, гитаристот Љупчо Стевановски и Огнен Митев кој се јавува како продуцент. Нивниот следен настап е фестивалот Андерфест во Скопје.


1. Шармантни дечки, кул музика, добри текстови. Што друго е потребно да се биде популарен на сцената?

Ни се чини дека само Тоше Проески навистина го знаеше одговорот на ова прашање, така што не би се осмелиле да импровизираме.


2. Вселенаутика – од каде и зошто го одбравте ова име?

Бидејќи не звучи како нешто што веќе сте го чуле, а забележавме и дека небесните тела и морињата често се појавуваат во нашите текстови.


3. Како ќе ја опишете музичката сцена во Македонија?

Поделена на кланови – како впрочем и Македонија.

4. Колку членови сте во бендот, кој се грижи за текстовите, музиката, аранжманите?

Двајца во редовниот состав, и уште неколку дописни членови кои ни помагаат на разни начини. Емил ги пишува текстовите и музиката, а потоа одиме на заедничко патување како децата во филмот Stand By Me.

5. Каде ги снимате песните?

Имаме домашно импровизирано студио во кое се случува најголемиот дел од креативниот процес. Потоа, песните ги праќаме на доработка во Минхен, каде живее продуцентот Огнен Митев, наш другар, соработник и член на надзорниот одбор на Вселенаутика.

6. Спремате ли нешто ново?

Во моментов се микса и мастерира нашата нова песна со работен наслов 91000 – како стариот поштенски број за Скопје.

7. Кој е вашиот следен настап и што да очекува публиката?

На 1. Октомври свириме на фестивалот Underfest, во Скопје. Нема потреба од големи очекувања – најубавите нешта се неочекувани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …